Македонија
2. November 2017 - 15:37

„Борка“: Тежок е моментот кога изгубената коса ќе се замени со перика

Уште во минатото на човекот му е познато носењето на периките. Низ историјата има многу примери и народи кои се поврзуваат со носењето на перики а во одреден период од историјата носењето на периката означувала и класна припадност, професионално обележје, социјален ранг.

Во 16 век за прв пат во историјата периката почнала да се носи како компензација за изгубената коса, па до денес има многу примери на жени кои се подложни на карцином и подложни на хемотерапија, па изгубената коса ја земенуваат со перики. Посебен проблем е и временото опаѓање на косата предизвикано од примање на хемотерапија.

Во овие случаи носењето на периката е компензација за изгубената коса и значајно влијае на психичката сосотојба на луѓето кои треба да ја надминат новосоздадената ситуација на опаѓање на косата.

Тежок е моментот кога сопствената коса треба да се замени со перика, но Афродита Давчевска од здружението Борка вели дека се повеќе жени се решаваат за нивна употреба, и дека првиот момент е многу непријатен но потоа жените се задоволни и со насмевка на лицето заминуваат со својата нова фризура.

Периките денес главно се носат од две причини естетски и медицински. Носењето на перика од естетски причини овозможува постојано да изгледате средено, модерно, а со тоа и да имате поголема самодоверба. Многу чест проблем претставува опаѓањето на косата поради здравствени проблеми каде носењето на периката е компензација за изгубената коса.

Периките можат да бидат од природно или синтетичко влакно, да бидат изработени рачно или машински а предноста на периките изработени од вештачко влакно е во тоа што се изработени од тестирани материјали . Негата на периките е иста како и негата на сопствената коса.

Медицинските перики се направени така што не предизвикуваат алергии на кожата а претходно подложат на испитувања.

Поради специфично изработената внатрешност овозможуваат идеална вентилација на кожата на главата. Жаклина Јовановска вели бесценето е чувството кога ќе изнудите насмевка на лицето и ќе успеете да помогнете на жена која ја изгубила својата коса, да се пронајде во перика која е слична по боја и форма.