Борко го бодри најмалиот навивач на трибините… го бодреше со цуцла!

Македонскиот репрезентативен ракометен голман Борко Ристовски откако стана татко не се двои од семејството. каде и да оди, што и да прави неговата убава сопруга Нина и приновата, малиот Душан постојано се со него. Пролетното топло време и благата клима во Барселона каде што Борко брани, придонесоа малото синче за прв пат задно со своите родители да се дне во ресторан. Ручек за сите, зависи кој што јаде, пишува порталот Вистина.

Откако мама Нина свати дека ваквата прошетка му годи, реши нивното синче за прв пат да го однесе уште на едно место. Таму до сега не биле сите заедно. Обично Борко сам оди, понекогаш го придружува и Нина, ама малиот Душан… не бил никогаш на еден ракометен натпревар на кој што брани татко му! Се разбира, ако го исклучиме периодот додека беше во стомакот на мама, која редовно ги посетува натпреварите на својот сопруг!

И додека „министрот за одбрана“ повторно ги презентираше своите голмански бравури на теренот, малиот Душан беше неговиот најверен навивач. Звуците му беа секако познати, ама затоа сликата му беше нова.

Дефинитивно беше голема поддршка за својот татко… Освен тоа беше најоригиналниот навивач на Барса на трибините. Сите со вообичаените навивачки реквизити, само малиот Душан навиваше со цуцла… и шишенце со млеко. Натпреварот секако тече, Барса би требало да победи, а Душан… што и да е, мора да ручка!
Ново на Сител
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
