Босанка избркана од пицерија во Хрватска поради „скромна нарачка“

Туристка од Босна и Херцеговина тврди дека неодамна била избрканa од една пицерија во хрватското приморско место Дрвеник, поради, како што вели, „скромна нарачка“, објавија босанските медиуми.
Адвија Зига тврди дека таа и нејзиното семејство седнале во пицерија во Дрвеник и нарачале сладолед и сокови, по што еден од клнерите почнал да ги навредува дека нивната нарачка е „премала“ и дека во пицеријата е „време за ручек“.
- Сопственикот на ресторанот се обиде да го оправда келнерот со зборовите дека пред тоа го налутиле некои шестмина Кинези кои нарачале само една пица, наведува Зига, додавајќи дека за неа тоа оправдување не звучело како доволно добар изговор.
Таа наведува дека и натаму е уверена оти келнерот кон нив бил нељубезен откако дознал од каде се.
- Покрај нас седеа странски гости кои исто така на масата имаа само пијалок. На нив никој не им правеше проблеми. Но, веднаш стана проблем нашата нарачка - сокови и сладолед, обајснува Зига, која наведува дека веќе неколку години доаѓаат во Дрвеник од Шведска, каде живее со нејзиното семејство, но дека ова е последен пат парите да ги трошат за годишен одмор таму.
Ново на Сител
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
-

Нов круг мировни преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, без претставници на САД
-

Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
