Бошкоски: Ќе иницираме измена на Законот за бранители
Носителот на листата кандидати за пратеници од коалицијата „ВМРО за Македонија“ во Петтата изборна единица Љубе Бошкоски денеска на средби со граѓаните во Битола истакна дека откако ќе стане пратеник во Собрание на Република Македонија ќе поведе иницијатива за измена на Законот за бранителите.
Според него, новиот закон за бранители ќе биде со поширок опфат и ќе овозможи заштита на сите кои претрпеле штета од татковинската војна во 2001 година.
- Во нашата програма има посебно поглавје посветено на бранителите од татковинската војна во 2001 година. Ние ќе ги реализираме точките од нереализираниот Закон за бранители и да се донесе нов закон со кој јасно ќе бидат опфатени сите бранители, но и жртвите од татковинската војна, инвалиди од таа војна, нивните семејства и други директно или индиректно засегнати лица. Македонија не смее да ги заборави хероите, рече Бошкоски.
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата
-
Естонија привремено ја затвора североисточната граница со Русија
-
Мартинез: Роналдо е во португалската репрезентација затоа што тоа го заслужува
-
Во новата Влада ќе има 20 мажи и три жени, просечната возраст 47 години
-
Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер