Бошњачки демократски сојуз: Со попис без етничка и верска припадност, се доведува во прашање мултиетничкиот карактер на Македонија

Во врска со нацрт верзијата на Законот за попис без прашања за етничка и верска припадност согласно на кој пописот треба да почне на 01.04.2020 година, Бошњачкиот демократски сојуз го зазема следниот став:
Бошњачки демократски сојуз е против спроведување на попис во кој Бошњаците нема да имаат можност да ја изразат својата етничка и верска припадност.
Пописот како статистичка операција на пребројување на населението по различни параметри врз основа на кои се креираат и имплементираат политики е невозможно да ја оствари својата функција без податокот за етничка припадност.
Освен што со таквиот начин на попис нема да се добие реалната слика за демографската состојба во Република Македонија, етничките заедници не ќе можат да ги остваруваат своите етнички права особено правото на соодветна правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, која е темелна вредност на уставниот поредок наведена во член 8 од Уставот на Република Македонија дополнет со Амандман XI и Охридскиот рамковен договор според кој правата на заедниците се определуваат со проценти, како и останатите позитивно-правни прописи.
Сметаме дека со прашањето за мајчин јазик и јазикот кој се зборува при комуницирање не може да се одреди точно бројот на одреден етникум, ниту пак е доволно релевантно прашање кое нуди како можност наместо прашањето за етничка припадност.
Исто така, сметаме и дека со попис без етничка и верска припадност, се доведува во прашање мултиетничкиот карактер на Република Македонија, кој со векови наназад е едно од главните обележја и специфики по кои земјата е препознталива во светот и е нејзино непроценливо своевидно културно наследство.
Бошњачки демократски сојуз
Ново на Сител
-

Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра на пристаништето во грчкиот град Патра
-

Маж и жена се истепале за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров
-

Лишена од слобода кавадарчанка по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот
-

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи
-

Родители на убиениот медицински техничар во Минеаполис тврдат дека администрацијата на Трамп „одвратно лаже“
-

Анкета: Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија
-

Орбан му порача на Зеленски: Унгарија нема да дозволи да биде заплашена
-

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар
