-->
-->
Бошњаковски: Материјално обезбедени уште 1.600 стечајци
-->
Уште 1.600 стечајци ќе добијат материјално обезбедување со најновите законски измени што поминаа вчера на владина седница.
Како што соопшти денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, опфатени со Законот ќе бидат вкупно 7.840 лица од оваа категорија граѓани, а до овој момент 6.240 се материјално обезбедени.
- Во два наврата донесовме Закон за конечно решавање на децениските проблеми на стечајците. Со вчерашната одлука на Владата се овозможува дополнително обезбедување на 1.600 невработени лица од оваа категорија наши сограѓани. Тие со децении имаат проблем да се социјализираат по она што се случи во минатото. Конечната бројка на стечајни работници што ќе бидат згрижени ќе изнесува 7.840, нагласи Бошњаковски.
Во врска со владината одлука за комунална депонија во општина Кичево за која АД ЕЛЕМ треба да обезбеди место, Бошњаковски потенцира дека ова е само времено решение.
- Станува збор за времено решение. Општина Кичево се соочува со сериозни проблеми од аспект на депонија. Владата вчера го задолжи АД ЕЛЕМ да обезбеди место за времено складирање на комуналниот отпад на една од локациите на ископот на термоелектричната централа Осломеј Кичево. Ова е времено решение, Владата секогаш излегува во пресрет кога општините имаат одредени специфични проблеми, објасни портпаролот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија