Бостон го победи Далас и во вториот натпревар од финалето на НБА
Бостон Селтикс го победи Далас Маверикс со 105-98 во вториот домашен натпревар од финалето во НБА лигата и поведе со 2-0 во серијата која се игра до четири победи.
Херој на важниот триумф на Бостон Селтикс е Џру Холидеј. Тој постигна 26 поени, Џејлен Браун со 21 поен, Тејтум и Вајт со 18 поени.
Од друга страна, Далас беше шоу на еден човек. Лука Дончиќ одигра одлично, иако очигледно е повреден. Покрај веќе старите повреди на десното колено и на левиот скочен зглоб, тој сега играше и со контузија на градниот кош.
Покрај повредата тој постигна 32 поени со 11 скока и асистенции, додавајќи и четири украдени топки. Тој стана првиот играч на Далас кој постигнал трипл-дабл во финалето. Воедно стана и најмладиот (25) играч во историјата на најсилната лига кој остварил трипл-дабл со 30 поени во финалето.
Следните два натпревари од финалната серија се играат во Далас.
Ново на Сител
-
Пронајдено е 8-годишното дете од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
-
ОЈО Гостивар отвори против тројца браќа за убиство од одмазда во гостиварско Дебреше
-
123 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење
-
Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот
-
Отворени Олимписките игри во Париз
-
Евробарометар: Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ
-
Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата
-
ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа