Ботас ќе тргне прв на ГП на САД, Хамилтон надвор од првите 3
Валтери Ботас ја забележа својата петта пол-позиција во сезоната и ќе стартува од првото место во трката за Гран-при на САД во Формула 1.
Пилотот на Мерцедес беше нешто над една десетина од секундата побрз од Себастијан Фетел. Трет заврши Макс Верстапен со Ред Бул.
Луис Хамилтон, лидер во генералниот пласман, овој пат остана на петтото место, но има одлична позиција за да ја обезбеди титулата уште овој викенд. Британецот нема да стане шампион уште во Соединетите држави ако Ботас победи, а тој е деветти или поназад. Во квалификациите пред Хамилтон, заврши Шарл Леклер (Ферари), кој е четврти.
Во топ 10 влегоа и Александар Албон (Ред Бул), Карлос Сајнц Џуниор (Мекларен), Ландо Норис (Мекларен), Даниел Рикардо (Рено) и Пјер Гасли (Торо Роси).
Трката е вечерва и започнува во 20:10 часот
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости