„Божествената љубов и виното” - изложба на Новица Трајковски
„Божествената љубов и виното” е насловена изложбата на ликовниот уметник Новица Трајковски, која синоќа беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов Климе” во Кавадарци.
Настанот е во рамки на одбележувањето на традиционалната стопанско-туристичка манифестација во чест на верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите.
Промовирањето на уметничките дела од изложбата почнува од Кавадарци, а подоцна тие ќе бидат презентирани во други градови од државата и во странство.
Директорот на Домот на културата Владимир Темков го нарече Трајковски севкупен уметник кој, како што рече, со својата четка ги изразува своето битие и чувствата. За уметноста на авторот говореше и историчарот на уметноста Љубен Пауновски.
- Свети Трифун е заштитник и покровител на сите оние кои ја сакаат, негуваат и унапредуваат природата, рече пензионираниот универзитетски професор Кирил Темков, кој ја истакна умешноста со која Трајковски ја покажува својата надареност во уметноста.
Пред присутните се обрати и авторот кој, меѓу другото, изрази задоволство од соработката со кавадаречкиот дом на културата.
Во Домот на културата потоа се одржа целовечерен концерт на оркестарот на Армијата на Република Македонија, во кој голем број членови потекнуваат токму од Кавадарци.
Ново на Сител
-
„Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ соперници и во 2025 година
-
Дуелот Бешикташ – Макаби преместен во Унгарија
-
Белингем го освои трофејот „Ди Стефано“
-
Кливленд ја започна сезоната со 12 победи во низа и стана осми тим со ваков ефект
-
Зверев ја извојува 50. победа во кариерата над противник од топ 10
-
Над четири илјади полицајци и безбедносни лица ќе работат во Париз за време на натпреварот Франција – Израел
-
Излепени плакати во Белград со мапа на „Голема Србија“ во која е и Македонија | ФОТО
-
Трајковски: Пред нас се двата најважни натпревари во Лигата на нации