Божикен концерт на Македонска филхармонија со виолинистот Џулијан Рахлин
Македонската филхармонија на 7 јануари, по повод големиот христијански празници Божик, во Македонската опера и балет ќе одржи Божикен концерт на кој како солист, но и како диригент, ќе се претстави светски познатиот виолинист Џулијан Рахлин.
На програмата, како што информираат од Македонската филхармонија, се виенски маршеви, романтични увертири, популарни танци, љубовни теми увертира од операта „Крадливата страчка“ од Росини, „Танцот на цвеќињата“ од балетот „Оревокршачка“ и Панорама и Валцер од балетот „Заспаната убавица“ од Чајковски, валцерот „Виенска крв“ од Штраус, увертира од операта „Руслан и Људмила“ од Глинка, „Стара Виена“ од Годовски, како и премиерите на „Убавиот Рузмарин“, Минијатурен виенски марш, „Љубовна тага“ и „Љубовна радост“ од Фриц Крајслер.
Џулијан Рахлин е роден во Литванија во 1974 година, но се преселил во Виена во 1978. Студирал виолина со Борис Кушнир на Виенскиот конзерваториум, стекнувајќи го основното образование од руската традиционална виолинистичка школа, а земал приватни часови кај Пинхас Цукерман кој му ја внел страста и за свирење виола. Меѓународната слава ја стекнува кога во 1988 година ќе ја добие наградата „Млад музичар на годината“ на Евровизискиот меѓународен натпревар во Амстердам. Тој зад себе има голем број на снимки, и издава албуми за „Дојче Грамофон“, „Сони Класикал“ и „Варнер Класикс“ и сите се високо оценети од критиката.
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски