-->
-->
Божиќен концерт на мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“-Битола
-->
Мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“-Битола вечер ќе го приреди традиционалниот Божиќен концерт кој секоја година се одржува во храмот „Св. Димитрија“ во овој град.
Според програмата, на вечерашниот концерт ќе биде изведена духовна музика, избор од делата на Рахмањинов, Бортњански, Бортњонини но и од познатите македонски автори на духовна музика.
- Домашните автори за мешаниот хор секогаш се посебен предизвик и затоа во прекрасниот храм „Св. Димитрија“ ќе ги отпееме и композициите на Атанас Бадев „Отца и сина“, „Свјат свјат“ и „Достојно ест“, потоа композицијата „Химна на Св. Климент Охридски“ од Кирил Македонски, како и други музички теми, истакна Љубомир Трифуновски, дирегент на хоровите на КУД „Стив Наумов“-Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична за двајца малолетници осомничени за насилство
-
30 дена притвор за обезбедувачот на Мицкоски осомничен за оддавање службена тајна
-
Таравари: Не планираме да излеземе од Владата
-
Нетанјаху се откажа од својот кандидат за нов шеф на Агенцијата за внатрешна безбедност
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари