Божикна честитка на бискупот скопски Киро Стојанов
Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов упати честитка по повод празникот Божик што задутре го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед.
- Божик го празнуваме не само како ден кој го обележува раѓањето на Исус Христос во историјата, туку уште повеќе како ден во кој Исус Христос на таинствен начин се раѓа во нашите души и во нашите срца. Задоволството е посебно, зашто ви се обраќам во годината во која нашата сограѓанка Мајка Тереза е прогласена за светица на Католичката црква. Таа скромна жена од нашето поднебје го предупредува целото човештво, но воедно и го повикува на голема одговорност кон заповедта на ова време. Свесни сме дека живееме криза на вредности и дека во нашиот живот сè е релативизирано и многу тешко се снаоѓаме во шумата од идеи, науки и секаков вид на понуди, се вели во честитката на бискупот Стојанов.
Оваа жена, посочува Стојанов, ни понуди силна светлина со која и покрај сето заматување во срцата и главите, сепак, можеме да ја препознаеме првата и најважна вредност, а таа е: да се биде човек.
- Го празнуваме роденденот на Исус Христос како Богочовек, но Тој според своето таинство се идентификува со секого, а пред сè со сиромашното, беспомошното и отфрлено дете. Св. Мајка Тереза нè потсетува дека да се љуби човекот значи да му се помогне тој да се спаси. Да се љуби таков, каков што е, а пред сè да се љуби сиромавиот и оној кој е на маргините на општеството.
Посакувам во овие божикни празници, сите вие да имате отворено срце и чувствителна совест за потребите на оние покрај вас кои имаат право на човечко достоинство, да им помогнете. На тој начин нека Исус низ вас и овој Божик се овоплоти, зашто некому сте му помогнале да биде и да остане човек. Во таква атмосфера нека е благословен Божик, Божик на делотворна Божја љубов. Мир Божји - Христос се роди!, стои во божикната честитка на бискупот Стојанов.
Ново на Сител
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години