Македонија
6. January 2017 - 16:26

Божикна литија и во Тетово

Првата бадникова литија во Тетово започна тргнувајќи од соборниот храм "Свети Кирил и Методиј", а потоа низ тетовски улици. Тие добија благослов од надлежниот митрополит г. Јосиф. 

Иницијативата е покрената за да се воспостави традиција на православно чествување на Бадник во Тетово, наместо досегашниот пагански обичај на посета на домовите и пеење на народни коледарски песни. 

Во литија учествуваа над 100 деца и младинци.