-->
-->
Брајан Адамс доаѓа во Скопје
-->

По Стинг, Лени Кравиц и Ерос Рамацоти, во Скопје доаѓа и еден од најголемите меинстрим артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови Брајан Адамс.
На 13-ти ноември во Скопје прв пат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.
Брајан Адамс доаѓа во Скопје во рамки на големата светска турнеја „Shine a light“ наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.
Влезниците за концерот што ќе се одржи во Вип Арена ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10-ти јуни, информираат од Авалон Продукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
-

Се сруши потпорен ѕид на штипска клиника и затрупа две возила
-

Удавен добиток, поплави, уништени земјоделски посеви - обилните дождови предизвикаа сериозни штети во Струмичко
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
