Братот на Мартин: Ова е последната фотографија од брат ми направена последниот ден пред исчезнувањето
Братот на исчезнатиот Мартин, Горан Јовановски на Фејсбук сподели фотографија од неговиот исчезнат брат за која вели дека е фотографирана денот кога тој исчезнува во водите на Егејското Море кај Посиди.
- Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата се уште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат слободно исконтактирајте ме. Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика, пишува Горан, братот на Мартин.
По Мартин се трага веќе пет дена, а претходно беа пронајдени и спасени неговите двајца другари Иван и Васил.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно