Свет
1. November 2021 - 8:55

Бразилската полиција уби 25 осомничени за кои се тврди дека биле дел од банда за грабеж на банки

– Властите во бразилската држава Минас Жераис соопштија дека се убиени најмалку 25 лица осомничени за грабеж на неколку банки во регионот.

Во еден судир меѓу полицијата и банда убиени се 18 лица, а во друг седум, пренесува Гардијан.

– Оваа операција … ќе влезе во историјата, изјави за локалното радио секретарот за државна безбедност на Минас Жераис, Рожерио Греко.

Полицијата соопшти дека бандата подолго време била под засилен надзор, а за време на судирот кај осомничените било пронајдено оружје од голем калибар, експлозиви и панцири.

Федералната сообраќајна полиција, која учествуваше во операцијата, прецизираше дека групата имала „вистински воен арсенал“ вклучувајќи автомати, митралези со калибар 0,50, експлозиви и панцири.