Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно на екранот
Некогашната холивудска двојка – Бред Пит и Џенифер Анистон се вклучени во читање во живо на комедијата „Луди времиња во Риџ Хај“ од 1982 година, коешто ќе се се прикажува утре, на 17 септември. Филмот ја прославува својата 38-та годишнина од првото емитување.
Промотивната реклама покажува дека сите учесници во добротворниот проект организиран од Шон Пен, ќе се појават преку интернет од дома. Во него се и Џулија Робертс, Морган Фримен, Метју Меконахи и други познати глумци.
Емисијата ќе може да се гледа на Фејсбук. Бред Пит и Џенифер Анистон не учествуваат во оригиналниот филм.
Тие двајца беа в брак меѓу 2000 и 2005 година. Последен пат се појавија заедно на екранот во 2001 година, кога Бред Пит глумеше во една од епизодите на хуморстичната серија „Пријатели“.
Ново на Сител
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
