Фудбал
10. August 2015 - 21:39

Брегалница знае како со Работнички

Последниот натпревар од 1.коло од Првата фудбалска лига заврши со победа на Брегалница. Екипата од Штип го совлада македонскиот претставник во Лига Европа Работнички со 1:0. Единствениот гол го постигна Митрев во судиското продолжение на вториот дел (90+4 минута).

Брегалница од средината на вториот дел играше со играч помалку поради исклучувањето на Никола Тонев.