Бреговиќ: Татко ми е католик, мајка ми Србинка, а жената муслиманка. На кого требаше да пукам?
За балканската рок-ѕвезда Горан Бреговиќ, неговото родно Сараево е повеќе од град. Главнио град а БиХ е метафора за мултикултурниот начин на живот кој се распаѓа кога ќе почне верски судир, изјави во интервју за француската новинска агенција АФП Бреговиќ.
– Се она што денес го гледаме во Европа, прво го видовме во Сараво. Соседот кој беше добар пријател, следниот ден пука на вас бидејќи сте од друга вера – изјави Бреговиќ.
Кога Југославија се распадна, Бреговиќ одби да заземе страна.
– Татко ми беше хрватски католик, мајка ми православна Србинка, а сопругата ми е муслиманка. На кого требаше да пукам? На семејството на мојата сопруга? На татко ми? Или на мајка ми? Никого не мразев. Само бев тажен – изјави Бреговиќ.
Мултикулутрно Сараево веќе не постои. Србите отидоа на источната страна на градот, Хрватите не се вратија, а босански Евреи има само стотина, раскажува Бреговиќ.
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
