Брендирано дебарското бело овчо сирење
Со добивањето сертификат за трговска маркичка од Агенцијата за брендирање прехранбени артикли, дебарските сточари официјално го брендираа нивното бело овчо сирење.
- Конечно добивме сертификат со кој, официјално, нашето сирење кое го произведуваме на традиционален начин стана бренд и ќе го носи името „Дебарско бело овчо сирење“. Под ова име од сега натаму ќе го пласираме сирењето произведено од сточарите од двете наши општини, изјави Скендер Аме, претседател на Здружението на сточари од општините Дебар и Центар Жупа „Даши“ (Овен).
Според него, досега, многу региони во Македонија правеле манипулации со дебарското традционално сирење, прикажувајќи го како галичко, пелагониско,...
- Сега, откако го довивме сертификаот, планираме да одржиме работилница за обука на сточарите за почитување на критериумите кои треба да се земат предвид во текот на производството на сирењето. Традионалниот начин во нашиот крај има посебни специфики и правила и тие треба строго да се почитуваат, нагласи Аме.
Во дебарскиот регион, кој има богати пасишта со околу 40.000 грла ситен добиток, годишно се произведуваат над 350 тони сирење, познато по својот квалитет.
Како што истакна Аме, благодарение на субвенциите што ги дава државата, се поголем е интересот на сточарите за зголемување на нивните стада. - Споредено со претходните две години, бројот на грлата е зголемен за над 10 отсто. Со ова, како и со добиениот бренд, очекуваме зголемување не само на бројот овци, туку и на бројот на сточарите, рече претседателот на Здружението.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава