Бретон: ЕУ вложува во вселенските истражувања

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон најави дека во следниот буџет на Европска Унија ќе бидат одвоени 16 милијарди евра за вселенски истражувања.
– ЕУ ќе вложи повеќе пари во лансирање на ракети, сателитската комуникација и истражување на Вселената, со цел да ги зачува своите успеси во Вселената и да биде во чекор со американските и кинеските амбиции, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар Бретон.
Во изминатите децении ЕУ се обидуваше да изгради независен пристап за Вселената, како што се ракетите Аријана или сателитот Галилео, што е „ривал“ на ГСП.
Најновото појавување на американскиот конкурент „Спејс икс“ и неговите ракети за повеќекратна употреба, како и брзиот напредок на Кина, вклучително и првото слетување на темната страна на Месечината, ги поттикнува европските амбиции.
– Вселената е една од силните точки на Европа и даваме средства за нејзино забрзување, истакна Бретон, под чија надлежност е и вселенскиот сектор.
ЕУ првпат ќе потпише договор на една милијарда евра со „Аријанаспејс“.
Ново на Сител
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
