Македонија
17. May 2017 - 19:45

Британија ја поздравува одлуката на Иванов да му даде мандат на Заев

Британскиот министер за Европа и Америка, сер Алан Данкан ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му овозможи на парламентарното мнозинство предводено од лидерот на СДСМ Зоран Заев да формира влада.

- Ова е битен чекор напред. Обединетото Кралство ги повикува сите политички лидери да работат заеднички, конструктивно и во интересот на Македонија и сите нејзини граѓани. Ние сме подготвени да ги помогнеме таквите напори и да ја поддржиме Македонија во нејзините аспирации за ЕУ и НАТО, се наведува во изјавата на сер Алан Данкан објавена на веб страницата на Британската влада.