Британија одобри генетска модфикација на човечки емброни во научни цели

Велика Британија одобри генетска модифицкација на човечки ембриони во најрана фаза на развојот, за потребите на научни истражувања, објавија британските медиуми.
Според истите извори, одобрението за ваквата генетска модификација го дале надлежните британски регулаторни органи врз основа на барањето на доктор Кејти Најакан од лондонскиот институт „Френсис Крик“, со цел на научниците да ми се овозможи да го откријат начинот на кој се развива човечкиот ембрион во првите седум дена од настанувањето.
Владиниот Секретаријат за човечко оплодување и ембриологија го одборил барањето на Најакан врз основа на законските одредби, кои дозволуваат експерименти со ембриони што би требало да бидат уништени во рок од 14 дена.
Во соопштението на Секретеријатот се на наведува дека ембрионите кои ќе бидат користени само во научни цели ќе бидат генетски модифицирани со употреба на техниката ЦРИСПР-Цас9.
Употребата на оваа техника досега предизвикуваше повеќе расправи во научните кругови поради стравувањето дека би можела да биде искористена за „создавање деца по нарачка“.
Согласно одобрението на Секретаријатот, во овие експерименти ќе може да бидат користени само донирани ембриони, кои се создаваат како вишок при постапката за вештачко оплодување.
- Истражувањето на ембрионите во најраната фаза на развојот е важно со цел на што подобар начин да се се дознае дали човечкиот ембрион се развива правилно, како и да се овзможи подобро осознавање на успешноста на вештачкото оплодивање, изјави дкректорот на Институтот „Френсис Крик“, Пол Нурс.
Ново на Сител
-

Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице
-

Подвиг за незаборав - Владо Деловски се искачи на планината каде пред години го загуби својот татко
-

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“
-

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба
-

Приведен 18-годишник, осомничен за грабеж на накит од 70-годишна скопјанка
