Британија се вклучува во потрагата по заложниците во Газа

Велика Британија соопшти дека ќе почне со надзорни летови над Израел и Појасот Газа во потрага по заложници кои ги држи Хамас.
Британското Министерство за одбрана соопшти дека авионите за надзор „ќе бидат невооружени, нема да имаат борбена улога и ќе имаат единствена задача да ги лоцираат заложниците“, пренесува Скај Њуз.
– Само информациите поврзани со спасување на заложниците ќе бидат проследени до властите одговорни за спасување на заложниците, се вели во соопштението на министерството и се додава дека летовите ќе се вршат над источниот Медитеран, вклучително и оние во воздушниот простор над Израел и Газа.
Министерството за одбрана соопшти дека владата на Велика Британија „работи со партнери од целиот регион за ослободување на заложниците, вклучително и британски државјани, кои беа киднапирани“ во нападот на Хамас на 7 октомври.
„Безбедноста на британските граѓани е наш највисок приоритет“, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана.
Британската војска распореди свои сили во источниот Медитеран една недела по нападот на 7 октомври, кога авиони на РАФ и бродови на Кралската морнарица беа испратени во регионот.
Ново на Сител
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
