Британска муслиманка нападната во Њујорк

Една Британка кој бил облечена во традиционална муслиманска облека, била нападната и подпалена додека се шетала низ Њујорк, соопшти американската полиција.
Инцидентот се случил на њујоршката „Пета авенија“ во близината на хотелот „Менхетен“, каде жената престојува како турист.
Во полициското соопштение се вели дека муслиманката била нападната од за грб од човек, кој со запалка ја потпалил нејзината облека.
Жената почувствувала топлина на телото и кога виделе што се случува, набрзина почнала да се соблекува и да го гасне распаленииот оган.
Полицијата наведува дека жената минала без повреди.
Британските медиуми откриваат дека станува збор за муслиманка која живее во Глазгов и е стоматолог по професија.
Американаката полиција објави потерница по засега непознатиот напаѓач, но Советот за американско-исламски односи остро реагираше против овој, како што го нарече „нов тежок инцидент“ против муслиманите.
Во август, еден њујоршки имам и негов помошник беа брутално убиени, а минатата недела две муслиманки додека се шетале со своите бебиња беа нападната со погрдни зборови. Напаѓачите им рекле дека Њујорк „не е место каде тие треба да живеат“.
Ново на Сител
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
