Британска пратеничка суспендирана поради навреда на Израел
Пратеникот на британската Лабуристичка партија, Наз Шах е суспендирана со одлука на партиското раководство поради коментарот со кој се навредува Израел, јави Би-Би-Си.
Шах, која е пратеничка од Брадфорд, на својата страница на Фејсбук напишала дека „Израел треба да се пресели (од Блискиот Исток) во САД“ нудејќи го тоа како „решение“ за палестинско-израелскиот конфликт.
Во специјална изјава до пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент таа изрази жалење за нејзината постапка и јавно се извини.
Коментарот е направен пред да стане пратеник, на изборите во мај 2015 година, но Шах беше остро критикувана во својата партија и од другите пратеници, особено што се откри дека таа и претходно се „пресметувала“ со Израел преку својата интернет страница.
Во една прилика Шах има напишано дека однесувањето на израелската полиција е идентично со она на полицијата на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.
Лидерот на лабуристите Џереми Корбин остро ја критикуваше постапката на својата нова пратеничка, означувајќи ја како неприфатлив престап.
Премиерот Дејвид Камерон, меѓутоа, побара од раководството на лабуристите, пратеничката Шах да биде суспендирана.
Лабуристичката партија подоцна соопшти дека таа е суспендирана, како и дека за нејзиниот случај е покрената внатрепартиска истрага.
Шах која има пакистанско потекло е израсната во Брадфорд, англиски град со бројна азиска и муслиманска заедница.
Претходно таа поднесе и оставка од позицијата советник на министерот за финансии, во владата во сенка, Џон Мекдонел, прифаќајќи дека „антисемитизмот е облик на расизам“ што не може да се прифати и толерира.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро