Британскиот Парламент третпат ќе гласа за Договорот за Брегзит

Претседавачот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау вечерва соопшти дека го прифатил барањето на премиерката Тереза Меј, пратениците утре по третпат да се изјаснат за Договорот за брегзит, што Владата во Лондон го постигна со ЕУ лани во нормври.
Британската Влада претходно соопшти дека планира да предложи трето гласање за Договорот за брегзит во текот на утрешниот ден, но дека чека одобрение од Беркау.
– Признаваме дека секој предлог што ќе биде ставен на гласање треба да биде во согласност со одлуката на спикерот – изјави шефицата на конзервативната пратеничка група во Парламентот, Андреа Лидсом, која по функција е и членка на Владата на Меј.
Таа нагласи дека единствен начин Велика Британија да биде сигурна дека ќе ја напушти ЕУ на 22 мај, е до утре до 23 часот по локално време (полноќ по средноевропско време) Парламентот да го одобри Договорот за брегзит.
Меј минатата недела побара од лидерите на ЕУ одлагање на брегзит до 30 јуни, кој првично беше предвиден за утре. Но, шефовите на држави или влади на членките на Унијата одобрија одлагање на Брегзит најдоцна до 22 мај, под услов Парламентот во Лондон да го прифати Договорот за британското истапување од ЕУ. Според одлуката на Европскиот совет, доколку Парламентот не го прифати документот, Велика Британија ќе мора да ја напушти Унијата на 12 април без договор.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
