Британските пратеници против можноста за суспензија на Парламентот
Британските пратеници денеска со мнозинство гласови ги поддржаа предлозите со кои на следниот премиер ќе му се отежне донесувањето одлуки за излез на Британија без договор со ЕУ со суспендирање на Парламентот, што повторно ја покажа нивната одлучност да го запрат излезот на Британија од ЕУ без договор.
Фаворитот во трката за нов лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Обединетото кралство, Борис Џонсон претходно изјави дека Британија мора да ја напушти Европската унија до 31 октомври со или без договор. Тој одби да исклучи суспензија или распуштање на Парламентот за да ги спречи пратениците да усвојат закон кој би го блокирал неговиот план за излез на Британија доколку тоа биде без договор со ЕУ.
Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, но британскиот Парламент три пати го тргна настрана проектот за спогодбата за Брегзит, што Тереза Меј го постигна за време на преговорите со европските лидери.
На крајот ЕУ се согласи да го одложи датумот за Брегзит првично за април-мај, а потоа и за 31 октомври 2019 година.
Премиерката во заминување Тереза Меј е разочарана што министрите денеска не гласале со неа, соопшти нејзината канцеларија.
Премиерката е очигледно разочарана затоа што многу министри денеска попладне не гласаа, стои во соопштението, во кое се додава дека нејзиниот наследник без сомнеж тоа ѓе го земе предвид кога ќе формира Влада.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење