-->
-->
Британско Министерство за одбрана: Можно е Кремљ повеќе да не го финансира Вагнер
-->
Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека е сосема можно Русија повеќе да не ги финансира активностите на платеничката група „Вагнер“.
Во својот дневен брифинг, Министерството наведува дека руската страна презела акција против некои други деловни интереси на сопственикот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, откако тој го водеше неуспешниот бунт против руската армија во јуни.
„Ако руската држава повеќе не му плаќа на „Вагнер“, следниот најверојатен плаќач се властите во Белорусија“, стои во текстот и се додава дека „тоа ќе ги исцрпи ресурсите на Белорусија“.
Министерството, исто така, наведува дека „Вагнер“ се ориентира кон отпуштања и реструктуирање за да заштеди на платите на вработените во време на финансиски притисок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Остри реакции за предлогот улица во Тетово да го носи името на Фадил Сулејмани
-

34 години Армија, традиција и нови предизвици
-

Богата програма на годинешното Карпошово културно лето од 20 до 30 август
-

Епидемиолошката состојба со западнонилска треска – 35 потврдени случаи, 3 смртни случаи
-

Овчарите бараат итна вакцинација: Над 50 жаришта, уништени до 10.000 овци
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
