Британско разузнавање: Русите масовно губат
Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за ситуацијата во Украина во кој се наведува дека има најмалку 23 потврдени загуби на руски јуришни хеликоптери Ка-52 ХОКУМ од почетокот на инвазијата врз Украина.
– Тоа претставува повеќе од 25 отсто од воената флота на руските воздухопловни сили од 90 Ка-52 и речиси половина од вкупните загуби на руски хеликоптери во Украина … Руските напаѓачки хеликоптери најверојатно претрпеле посебна штета од украинските преносни системи за противвоздушна одбрана – MANPADS, додека хеликоптерите често работат со помалку конзистентна горна покривка од борбените авиони, што не би се очекувало според руската воена доктрина, се вели во извештајот.
Според британските разузнавачи, Русија сè уште не успева да одржи соодветна воздушна супериорност за сигурно да обезбеди ефективна воздушна поддршка во близина на линијата на фронтот, а нејзината артилериска муниција е при крај.
– Руските команданти веројатно сè повеќе прибегнуваат кон извршување високоризични мисии со нападни хеликоптери како една од ретките опции за обезбедување борбена поддршка на војниците, наведуваат разузнавачите.
Ново на Сител
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
