Брижит Бардо ќе добе своја статуа во Сен Тропе
Француската актерка Брижит Бардо ќе биде почестена со статуа висока 2,5 метри која е поставена во туристичкиот град Сен Тропе. Статуата ќе биде откриена утре, на нејзиниот 83-ти роденден.
Името на Бардо асоцира на самото одоралиште, оти таа и го популаризираше, со филмот „И Бог ја создаде жената" од 1956.
Бардо беше муза на бројни режисери и продуценти, како што се Роже Вадим (нејзиниот прв сопруг), Жан-Лук Годар, Луи Мал... Таа ја заврши филмската кариера во 1973 година, и оттогаш се посвети на дејности за заштита на животните.
Бронзената статуа на глумицата е базирана на илустрации на италијанскиот уметник Мило Манара, којшто имаше можност да ја наслика во акт додека таа беше помлада.
Не се очекува ѕвездата да присуствува на церемонијата на отривање на статуата, но испрати своерачно напишано писмо до градските власти, во кое им се заблагодарува за укажаната чест.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец