-->
-->
Брнабиќ: До крајот на јануари Србија ќе има два милиона вакцини
-->
Српската премиерка Ана Брнабиќ, денеска изјави дека Србија ќе има два милиона вакцини до крајот на јануари, од различни производители, вклучувајќи ги и количините што пристигнаа на крајот на декември.
Таа рече дека дополнителни 1,3 до 1,5 милиони дози вакцини се очекуваат во февруари.
– Така до мај, јуни се надевам дека ќе можеме да ја завршиме вакцинацијата. Ако успееме, ќе бидеме една од првите земји што ќе го сториме тоа во Европа, рече Брнабиќ.
Таа повтори дека Србија во моментов има договор за осум милиони вакцини, од различни производители, што е доволно за вакцинирање на четири милиони луѓе, наведувајќи дека властите рано ги започнале преговорите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада