Брнабиќ ги демантираше наводите на црногорскиот премиер за уцените за жито и Отворен Балкан
Премиерката на Србија во технички мандат, Ана Брнабиќ, денеска ги демантираше наводите на нејзиниот црногорски колега Здравко Кривокапиќ дека официјална Србија се обидела да ја уцени Црна Гора со ветување дека ќе и обезбеди основни прехранбени производи доколку стане дел од иницијативата Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.
Брнабиќ на Твитер го праша Кривокапиќ како „не се срами бесрамно да лаже“.
Таа го праша и кога тоа претседателот на Србија, Александар Вучиќ „му се јавил, му испратил порака, кажал некаков збор на уцена во врска со храната/стоките од Србија“.
-Бидејќи знам дека не е така, се враќам на прашањето: Дали барем малку се срамиш?, напиша таа.
Здравко Кривокапиќ, премиер на Црна Гора во заминување, изјави дека официјална Србија се обидела да ја уцени Црна Гора со ветување дека ќе и обезбеди основни прехранбени производи доколку стане дел од Отворен Балкан и како што додаде „не верува во таа регионална иницијатива“.
-Моќта е чудо, кога се чувствуваш моќен, тогаш мислиш дека можеш да им поставиш услови на другите, изјави Кривокапиќ за Радио телевизија на Црна Гора, одговарајќи на прашањето дали Вучиќ ја искористил актуелната криза за политички цели.
Ново на Сител
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите
