Брнабиќ: Новата српска Влада нема да воведува санкции против Русија
Новиот српски премиер Ана Брнабиќ во интервју за руските медиуми изјави дека нејзината Влада нема да воведува санкции против Русија и дека во својот натамошен развој Србија ќе се потпира на руските знаења и дека наскоро очекува решение за српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш.
-Јасно кажав дека тоа ќе биде влада на континуитет и нема да вовдуваме санкции против Русија. Ќе се обидеме да водиме избалансирана надворешна политика. ЕУ беше и останува наш стратегиски приоритет заради самите нас. Ние треба да се промениме во согласност со европските вредности, да учиме од ЕУ за финансиската, фискалната, трудовата дисциплина и етика, затоа што тоа е важно за сите граѓани на Србија. Во овој момент санкции против Русија не се во интерес за Србија, рече Брнабиќ.
Таа посочи дека одлуката за прашањето за статусот на српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш е на списокот на приоритети, но оцени дека ова прашање е премногу исполитизирано и за него треба да се размисли прагматично.
Брнабиќ изрази желба за соработка со Русија во сферата на технологиите, најмногу подвлекувајќи ги нанотехнологиите, во кои, според неа, оваа земја е велесила.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер