Брнабиќ: Ова е слободна земја, не можам да нарeдам печатење на весникот Нова
Премиерката Ана Брнабиќ денес изјави дека Србија е „слободна земја и дека не ги контролира печатниците и не знае што може да направи” за да некоја печатници прифати да го печати дневниот весник Нова, јави дописникот на МИА од Белград.
-Јас навистина не знам што можам да направам по тој повод, имате толку многу печатници, договорете се со нив, не знам во што е проблемот, верувајте ми, изјави Брнабиќ и додаде дека„ можеби е понудена цена која Нова С не сакала да ја прифати, можеби имаше триста работи„.
Претходно, директорот и главен уредник на порталот Нова.рс, Веселин Симоновиќ изјави дека најавениот нов дневен весник „Нова” на овој портал, познат по крититичкиот однос кон власта, ниту една печатница несака да го печати .
Според компанијата Јунајтед Медиа (УМ), „преговорите со компании чија главна дејност е печатењето весници и списанија траеле два месеци”.
-Политика, Борба, Рингиер Аксел Спрингер, Колор Прес, Графопродукт, со разни објаснувања, не ја прифатија новата работа”, наведуваат од УМ и додаваат: „Од молкот, реченицата дека немаат капацитет за таа работа , преку расипаните машини беа одговорите зошто ја одбиваат работата, а има и малкумина кои отворено кажаа дека се плашат од реакција на властите”.
-Дали е можно Рингиер, како најголемата и најмодерна печатница во Србија, како што се претставуваат, покрај печатењето на весникот Блиц, Курир, Информер, Српски телеграф и Објектив, да немаат капацитет да го печатат весникот „Нова”, или можеби поголем проблем е уредувачката , политика која во овој случај се разликува, прашаа од Јунајтед Медиа .
Ново на Сител
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
