Брнабиќ: Во инцидентите во Белград повредени 10 полицајци
Српската премиерката Ана Брнабиќ по одржувањето на прошетката на „Еуропрајд“ во Белград, на вонредна прес-конференција изрази благодарност до мнозинството граѓани на Србија за покажаната „толеранција, разбирање и на прво место грижата за државата“.
– Имавме ден кој помина без поголеми инциденти и во мир и горда сум на тоа. Посебна благодарност им должиме на припадниците на МВР и БИА, бидејќи тие се оние кои се погрижија Белград денеска да биде безбеден и сигурен град и да ги сузбијат инцидентите. Немаше голем број инциденти, ниту пак беа вклучени голем број луѓе во нив, посочи Брнабиќ.
Таа наведе дека биле ангажирани 5.200 полицајци, од кои десетмина се повредени во судирите со противниците на одржување на „Еуропрајд“.
Брнабиќ оцени дека Србија покажала дека е сериозна држава, која ги почитува правата на сите граѓани.
– Направивме се на најдобар можен начин, конечно завршивме со оваа тема, ставивме крај и се свртивме кон поважни работи. Претседателот (Александар) Вучиќ денеска отпатува за Њујорк, каде ќе има низа средби за време на заседанието на ОН. Утре рано наутро ќе заминам за Лондон. Се свртуваме кон други работи, посочи Брнабиќ.
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
