Брнабиќ: Во Србија нема да има насилен преврат и анархија
Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва изјави дека ова се најнасилните протести досега во земјата, но дека во Србија нема да има насилен преврат и анархија.
-Кризниот штаб утре ќе се состане и ние ќе продолжиме да се бориме против коронавирусот и да ги спасиме здравствените работници и здравјето на луѓето, и ќе победиме, рече Брнабиќ за ТВ Пинк, повикувајќи ги граѓаните да бидат дисциплинирани.
Таа посочи дека се се прави и дека полициски час се уште не е воведен, но дека мора да се борат за здравјето на луѓето и да балансираат заради зачувување на економијата.
Српската премиерка кажа дека демократскиот поредок во земјата и стабилноста ќе бидат зачувани и му порача на претседателот Александар Вучиќ утре да оди и да се бори за Косово. Таа оцени дека насилните протести во Белград несомнено предизвикале огромна штета на претстојните разговори, но дека Вучиќ ќе даде се од себе и ќе се фокусира на Косово, безбедноста на Србија и иднината на целиот регион.
-Има многу што не го сакаат тоа, но зад тоа е најголем број граѓани и тоа е силата на Александар Вучиќ, рече Брнабиќ.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка