Бродот со украинско жито утре пристигнува во либанското пристаниште Триполи
– Бродот „Разони“ со украинско жито што плови под знамето на Сиера Леоне утре ќе пристигне во либанското пристаниште Триполи, јави весникот „Ал Акбар“, повикувајќи се на извор од украинската амбасада во Бејрут.
Бродот „Разони“ ќе испорача 26.000 тони пченка за либански клиент, пренесува агенцијата Тасс.
Бродот „Разони“ во понеделникот утрината исплови од украинското пристаниште Одеса.
Членовите на Заедничкиот координативен центар за извоз на жито од Украина, чие седиште се наоѓа во Истанбул, во средата извршија преглед на бродот.
На 22 јули Русија, Украина, Турција и ОН во Истанбул потпишаа пакет мерки насочени кон решавање на прашањето за испорака на храна и ѓубрива на светските пазари.
Врз основа на договорот се формира и координативен центар чии претставници се задолжени за проверка на бродовите со жито за да се спречи шверц на оружје.
Ново на Сител
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард