Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Бројот на жртви од пожар во висока зграда во Хонг Конг се зголеми на 75.
Претходно беше објавено дека најмалку 65 лица загинаа, а најмалку 70 се повредени во пожарот во станбен комплекс во областа Таи По.
Пожарникарите од вчера попладне се обидуваат да го стават пожарот под контрола, кога избувна на бамбусови скелиња и градежни мрежи, а потоа се прошири на седум од осумте згради во комплексот.
Околу 900 лица во текот на ноќта беа евакуирани во привремени засолништа. Лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, денеска изјави дека 279 лица се водат за исчезнати. Меѓутоа, на прес-конференција градските власти не дадоа нови информации за исчезнатите или колкумина се уште се во уништените згради.
Спасувачите се соочуваат со „екстремно високи температури и внимателно напредуваат кат по кат, темелно пребарувајќи и обидувајќи се да спасат луѓе што е можно побрзо“, рече заменик-директорот на противпожарната служба, Вонг Ка-винг.
„Не ја исклучуваме можноста да пронајдеме уште повредени лица“, додаде тој.
Повредени се повеќе од 70 лица, меѓу кои и 11 пожарникари, соопшти противпожарната служба.
МИА
Ново на Сител
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
