Бројот на починати од коронавирус во Европа надмина еден милион
Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот во европскиот регион денеска надмина еден милион, додека различните варијанти на вирусот кои предизвикуваат трет бран инфекции се закануваат повторно да ги наполнат болниците.
Од почетокот на пандемијата, регистрирани се најмалку 37.2221.978 инфекции и 1.000.062 смртни случаи во европскиот регион.
Во регионот, кој вклучува 51 земја, регистрирани се околу 35,5 проценти од сите смртни случаи од коронавирус и 30,5 проценти од сите случаи ширум светот.
Регионот ги вклучува Русија, Велика Британија, 27 членки на Европската унија и други земји.
Бројот на инфекции во Европа почна да расте, а Франција неодамна го забележа најголемиот еднодневен скок на случаи од ноември досега.
Европа во моментов известува за еден милион нови случаи приближно на секои шест дена.
Ново на Сител
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
-

МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол
-

Андоновски: Реализирано ветувањето за Центар за услуги во Прилеп
