Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 50.000

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД надмина 50.000, според евиденцијата на универзитетот „Џон Хопкинс“.
САД се светски епицентар на пандемијата. Во земјата, епицентар е градот Њујорк со повеќе од 16.000 жртви.
На ниво на САД, регистрирани инфекции од коронавирус има кај повеќе од 870.000 Американци. Вчера беа пријавени околу 20.000 случаи на новозаразени.
Иако епидемијата се шири, некои сојузни држави планираат отворање на локалните бизниси и зголемена социјална интеракција, соочувајќи се со прашањето како да се отвори економијата без да се предизвика втор бран на епидемија.
Законот за помош на болниците, за тестирање, и за поддршка на малите бизниси во висина од 484 милијарди долари изгласан од американските законодавачи, денеска треба да биде потпишан од претседателот Доналд Трамп.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
