Бројот на странските туристи во Албанија зголемен за 19,7 oтсто

Бројот на странските туристи во Албанија, во десетте месеци од годинава бележи раст од 19,7отсто, споредено со истиот период лани.
Министерката за туризам,Милва Економи, вели дека најголем број од сранските туристи се Албанци кои живеат надвор од матичната земја.
- Најбројни се Албанците од Косово, Македонија,Црна Гора ,но раст бележи и бројот на туристите од сите други европски земји,-изјавила Економи.
Зголемениот број туристи,како што оценува таа, условило проширување на угостителските активности,што од друга страна претставува можност повеќе за нови вработувања.
- Во периодот јануари-август годинава за 2,4 отсто е зголемен бројот на бизниси кои почнале со работа,додека оцеките во секорот за вработување кои доаѓаат од туризмот или активностите поврзани со туризмот,потрдуваат дека бројот на вработените во овој сектор пораснал за 77 илјади лица,-вели Економи.
Годинава Албанија во неколку наврати ја посетија групи странски новинари со цел преку своите написи да ги презентираат туристичките потенцијали на земјата. Албански туристички оператори учествуваа на меѓународни саеми.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
