-->
-->
Бројот на тешко болни со Ковид-19 во Израел најголем од февруари 2021 година
-->
Бројот на тешко заболени од Ковид-19 во Израел надмина 1.000, што е најголем од февруари минатата година.
Од почетокот на јануари расте бројот на тешко болни пациенти, а синоќа беше објавено дека достигна 1.010, додека пред една недела таа цифра беше 715. Според Министерството за здравство на Израел, 301 пациент се во критична состојба, од кои 231 се на респиратор.
Професорот Еран Сегал, советник на владата за пандемијата, предвидува дека бројот на тешко болни луѓе со Ковид-19 ќе продолжи да расте и може да достигне 1.150, пред да почне да опаѓа.
Во изминатата недела стапката на смртност е зголемена за 80,7 отсто, а заклучно со петок попладне од Ковида-19 починале 58 лица во таа држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ