Бројот на загинати во големиот земјотрес во Јапонија се искачи на 30

Бројот на загинати, во земјотресот што го погоди јапонскиот остров Кјушу, се искачи на 30, соопшти владата на Јапонија.
Земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скал,а што пред два дена ја погоди јужна Јапонија, разурна голем број домови, оштети мостови и предизвика пожари. Околу 22.500 домаќинства и други објекти и понатаму се без електрична енергија, додека вчера 84.000 домаќинства имаа прекини во водоснабдувањето.
Граѓаните во долги редови чекаат за гориво и вода за пиење, а според метеоролозите, се очекува температурата на воздухот следните денови да се искачи до 38 степени Целзиусови.
Властите на префектурата Кумамото соопштија дека од под урнатините на трговскиот центар „Аеон“ во градот Кашими, извлечени се четири тела. Трговскиот центар по земјотресот е евакуиран, но 50 минути потоа е уништен во експлозија, а сè уште е непознато колку луѓе имало објектот.
Земјотресот предизвика уривање на оџак во фабриката за хартија „Нипон пејпр“ во градот Јацуширо, при што загинаа пет луѓе, а четворица се водат како исчезнати.
МИА
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
