Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281, а 67 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија властите, цитирани од ДПА.
Јаги е најсилниот тајфун што го погодил Северен Виетнам во последните 30 години. Повеќе од 1,900 луѓе се повредени, се вели во извештајот на Виетнамската канцеларија за управување со катастрофи.
Според Канцеларијата, тајфунот оштетил околу 235 илјади домови. Над 2,6 милиони животни главно живина и говеда, биле убиени, а преку 200 илјади хектари оризови полиња биле значително оштетени.
Поплавите сега се повлекоа, но погодените области сè уште се борат со напорите за расчистување.
Според првичните проценки на виетнамската влада, тајфунот Јаги предизвикал прелиминарна штета на Виетнам од околу 1,6 милијарди долари, предизвикувајќи загуба од околу 0,15 посто од бруто домашниот производ оваа година.
Тајфунот претходно мина низ Филипините и Кина.
Ново на Сител
-
Tаравари: Ја испитуваме смртта на родилката во Куманово
-
Конференција за грижа на менталното здравје на младите
-
Преглед на вести од светот
-
Зошто тешко се гасат пожарите во новите згради? Критериумите за противпожарна заштита се застарени
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР
-
„ДИГИТМАК“: Нов центар за поддршка на дигиталната подготвеност на бизнисите
-
Поништен огласот за претседател на судот во Кавадарци, Нанев немал право на трет мандат
-
Tекстилството останува без кадар, со ниски плати и непочитување на работничките права