Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија се искачи на 19.823 лица
Бројот на загинати во разорните земјотреси што во понеделникот ја погодија јужна Турција се искачи на 16.546, изјави попладнево турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Се зголемува и бројот на жртвите во Сирија. Во делот од земјата што е под контрола на владините сили загинале 1.347 лица, додека на северозападот на земјата, кој е под контрола на опозицијата, животот го загубиле 1.930 лица.
Во меѓувреме, ОН проценуваат како да им помогнат на Турција и Сирија. Високиот функционер на ОН Мартин Грифит ќе ги посети Газиантеп во Турција и Алепо и Дамаск во Сирија овој викенд за да ги процени потребите на луѓето таму и да види како Обединетите нации можат најдобро да помогнат, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
Тој посочи дека е неопходно да се испрати поголема помош на северозападот на Сирија, кој е под контрола на опозицијата.
- Патиштата се оштетени, луѓето умираат. Сега е време да се истражат сите можности за собирање помош и испраќање персонал во областите погодени од земјотресот. Мораме да ги ставиме луѓето на прво место, им рече Гутереш на новинарите во Њујорк.
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари