Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 1.644 лица, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на информации од владејачката хунта во Мјанмар. Најмалку 139 лица се водат како исчезнати. Повредените се 3.408 луѓе. Овие бројки се очекува да се зголемат.
Продолжуваат операциите за пребарување и спасување во Мјанмар, особено во најголемите погодени градови – Мандалеј и главниот град Нејпидо. Спасувачки екипи и опрема веќе пристигнаа од други земји. Но, овој процес е отежнат поради штетите што земјотресот ги предизвика на аеродромската инфраструктура на двата града.
Сателитските снимки од компанијата Planet Labs PBC покажаа дека земјотресот ја уништил кулата за контрола на летање на аеродромот во Нејпидо. Сè уште не е јасно дали има повредени или загинати при уривањето на кулата.
Авионите со спасувачки тимови слетуваат на аеродромот во Јангон наместо директно во погодените Нејпидо и Мандалеј.
Во меѓувреме, спасувачите денеска извлекоа 30-годишна жена од урнатините на нејзината станбена зграда во Мандалеј, јавија агенциите. Жената е пренесена во болница. Таа била под урнатините 30 часа.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст