Бројот на заразени со Ковид-19 во Словенија се искачи на 253

Бројот на заразените со новиот коронавирус во Словенија се зголеми за 34 лица и сега изнесува 253, јави дописникот на МИА од Љубљана.
До 14 часот вкупно се тестирани 6.712 лица, соопштија од Кризниот штаб за борба против вирусот. Сомнеж за повеќе заразени има во домот за стари лица во гратчето Шмарје При Јелшах, каде што престојуваат 70 пензионери. По наредба на градоначалникот Матија Чакш бриз за тестирање е земен од сите вработени во домот.
Во меѓувреме на владина седница се донесени неколку закони кои се во насока за подобрување на борбата против коронавирусот. Еден од нив е и целосното запирање на воздушниот сообраќајот, кој в среда ќе се најде пред пратениците на итната собраниска седница.
Досега во Словенија поради коронавирусот едно лица почина.
Од утрово затворени се училиштата, градинките, сите културни и спортски установи, јавниот градски превоз, домашниот и меѓународниот железнички превоз и сите услужни објекти каде што може да има контакт меѓу луѓе, како фризерски и козметичарски салони.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
