Бројот на жртви на нечист кокаин во Аргентина се искачи на 17, 56 се хоспитализирани
Најмалку 17 лица починаа, а 56 се примени во болниците во предградие на Буенос Аирес по масовно труење со кокаин, соопштија властите.
Првичните бројки за 12 смртни случаи и околу 50 хоспитализирани се искачија во текот на ноќта на 17 смртни случаи и 56 хоспитализирани кои се распоредени во осум болници во и околу градот, изјави портпаролот на провинциската влада на Буенос Аирес.
– Секој што набавил дрога во последните 24 часа мора да ја фрли, предупреди министерот за безбедност на Буенос Аирес, Серџо Берни на телевизиската мрежа Телефе. Тој додаде дека властите „се обидуваат да ја лоцираат отровната супстанција за да ја повлечат од промет“.
Полицијата спроведе акција во работничкото предградие Трес Де Фебреро, северозападно од главниот град, во која беа уапсени десетина лица, соопшти провинцискиот министер кој излегол на терен.
Полицијата заплени кокаин во кеси слични на оние опишани од членовите на семејствата на жртвите, додаде Берни. Дрогата помешана со токсични материи синоќа била анализирана во лабораторија во Плата.
Ново на Сител
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
