Бронза за кавадарчанец на Светското првенство во брзо примање и предавање знаци од Морзеова азбука
Четириесет и четири годишниот Миле Трајков од Кавадарци освои трето место на светското првенство во брзо примање и предавање знаци од Морзеова азбука, кое се одржува во Охрид, информира денеска радио клубот „Искра“ од Кавадарци.
- На светското првенство во хст Трајков доби бронза во категоријата руфз или брзо и точно примање на радио аматерски знаци. Во оваа категорија силите си ги одмерија четириесеттина натпреварувачи. Најдобар беше натпреварувачот од Белорусија, а второто место го освои русин. На првенството има околу 200 претставници од различни земји, соопшти „Искра“.
Од кавадаречкиот клуб кажуваат дека репрезентацијата на радиоаматери од Македонија ја сочинуваат петмина натпреварувачи во различни дисциплини, од кои четворица од Кавадарци.
- Македонската репрезентација ја предводи Младен Марковски, кој се натпреваруваше во една од категориите на првенството. Тука се и Дарко Трајков и Вељан Ѓорѓиов од Кавадарци, кои освоија четврти места во категориите во кои си ги одмерија силите со претставниците на други земји, како и штипјанецот Зоранчо Крстев од радио клубот „Штип“, информира „Искра“.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари